Русија синоќа лансираше 16 дронови и седум проектили во Одеса, кои нанесоа штета на земјоделски претпријатија и уништија згради, соопшти јужната команда на украинските вооружени сили.
„Пожарите беа веднаш изгаснати. Никој не е повреден“, додаде командата на „Телеграм“.
Од дроновите, 13 се уништени над регионот Одеса, а еден – при неговото приближување над регионот Николаев, додаде командата. Не е јасно дали штетата е предизвикана од паѓање на остатоци од дрон или од дронови кои не биле соборени. Нема информации ниту дали беспилотните летала кои не биле соборени ги погодиле нивните цели.
Според украинските сили, проектилите биле насочени кон регионите Харков, Доњецк и Чернихив.






















