
Русија и Белорусија во четвртокот (25-ти мај) потпишаа договор за формализирање на распоредувањето на руски тактички нуклеарни ракети на белоруска територија, потег што Москва рече дека е поттикнат од зголемените тензии со Западот.
„Во контекст на исклучително остра ескалација на западните граници на Русија и Белорусија, донесена е одлука за преземање контрамерки во воено-нуклеарната сфера“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, а пренесува агенцијата ТАСС.
Распоредувањето на ракетите првпат го најави претседателот Владимир Путин во март.