Легендарниот германски фудбалер и поранешен предводник на Баерн, Карл-Хајнц Румениге ги коментираше проблемите во Барселона.
По поразот од 3:0 од Баерн во кој обезбедија очајно издание, коментарите од Германија кон каталонскиот клуб се доста интересни.
Румениге верува дека со заминувањето на Меси, душата на Барса е растргната и дека тоа веќе не е тој стар клуб.
„Ако го погледнете тактичкиот состав на Барселона, јасно е дека без Меси, нивната душа е растргната“, рече Румениге, додавајќи:
“Се соочуваат со тешки времиња, но мораа да го продадат. Ла Лига си постигна автогол поради Меси”, истакна Румениге, алудирајќи на забраната за регистрација на Меси што Ла Лига и ја постави на Барса поради финансиски проблеми.
Меси ја напушти Барселона по 20 години. Тој стана нов член на ПСЖ каде засега се уште го чека својот прв гол.