Скопје мора да ја научи лекцијата, коментираше пред новинарите бугарскиот претседател Румен Радев. Тој додаде дека Република Северна Македонија се враќа на изодениот пат – да лобира во европските метрополи и кај европските институции, со цел да го прикрие кршењето на човековите права, недостигот на реформи и подготвеноста за почеток на преговорите за членство.

Според Радев, тоа не е вистинскиот начин. Во моментов, лобирањето повторно е интензивирано, но Бугарија ќе продолжи интензивно да работи со сите европски институции, со нашите европски партнери, така што одлуките за Република Северна Македонија да не се засноваат на лобирање, што го крие недостигот на реформи и длабокото кршење на човековите права, рече шефот на бугарската државата.

Радев ја даде изјавата денеска во Софија по отворањето тридневен форум посветен на зелената транзиција.