Претседателот Румен Радев изрази сочувство до роднините на загинатите во Кочани, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Претседателот на државата се потпиша во Книгата на жалост во амбасадата на Република Северна Македонија.
Тој најави дека Бугарија може да прифати повеќе жртви доколку на Скопје му треба поголема медицинска помош.
Бугарија е подготвена и ќе продолжи да помага со се што е потребно. Во моментов чекаме македонската страна да одлучи дали има потреба да се преземат уште 10 жртви од трагедијата. „Спартан“ и медицинските екипи се подготвени, па ќе пружиме помош, најави Радев.
Оваа трагедија покажува дека луѓето од двете страни на границата можат и мора да се потпираат еден на друг, не само во тешки денови како денешните, туку и заради нашата заедничка европска иднина, заклучи шефот на државата.
Денеска е Ден на национална жалост во спомен на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Животот го загубија 59 лица, над 155 се повредени.