Гостивар може да се гордее со успесите на младата Руфија Идризовска. Гостиварката доби пофалници за најдобро дипломиран студент на Природно-математичкиот факултет на УКИМ во Скопје и на Институтот за хемија (применета хемија-аналитичка биохемија), со чист просек од 10,00, пишува гостиварпресс.мк

Основно образование, Идризовска завршила во ОУ „Гоце Дечев“ каде била ученик на генерацијата, додека средно во колеџот „Јахја Ќемал“, исто така наградувана како најдобар ученик на генерација, со постигнати бројни успоеси на натпревари на меѓународно ниво. Академскиот пат го продолжува на магистерски студии на ПМФ.

Целата вест на gostivarpress.mk