На почетокот на новата учебна година, РСБСП на сите ученици им посакува среќна и успешна учебна 2024/2025 година и апелира за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот на патиштата. Секој учесник во сообраќајот
особено внимателно треба да се однесува во близина на училиштата и градинките. Но, не само возачите на моторни возила, во сообраќајот внимателни треба да бидат и децата и нивните родители.
РСБСП препорачува родителите и наставниците да ги запознаваат и почесто да ги потсетуваат децата на основните правила и прописи во сообраќајот заради нивно безбедно учество во сообраќајот на патиштата.
Децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина. Императив на сите нас е да ја зголемиме безбедноста на децата во сообраќајот со што ќе ја заштитиме нашата иднина!
Децата во сообраќајот најчесто учествуваат како пешаци, но често возат велосипед, тротинет, скејтборд, ролери итн. Тие се најмладите учесници во сообраќајот и наша заедничка најголема грижа.
Затоа РСБСП на најмладите учесници во сообраќајот им препорачува:
да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,
да го поминуваат коловозот на обележан пешачки премин,
пред да го преминат коловозот, да застанат и да погледнат лево и десно за да се сигурни дека нема возила,
да бидат внимателни кога се движат во услови на намалена видливост т.е. дожд и магла (по можност да носат облека во светли бои или рефлектирачко елече),
да не користат мобилен телефон или слушалки при преминување на коловозот,
да се упатат кон воспитно-образовните установи навремено за да избегнат брзање, трчање и невнимателност во сообраќајот.