„Во последните две години пред крајот на секое едно претседателство на ЕУ Скопје започнува масовна кампања против Бугарија и нечесноста на европските лидери“, стои во опширна анализа за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан и односите на РС Македонија со Бугарија, подготвена од тимот за меѓународна политика на БГНЕС.
„Бугарија 30 години јасно и категорично ги поддржува независноста и територијалниот интегритет на РС Македонија. Веднаш по влегувањето на нашата земја во ЕУ, преговарачкиот тим на нашето министерство за надворешни работи ја предаде целосната документација во која што е опишан патот на Бугарија кон приклучувањето кон европското семејство. Десет години никој покрај Вардарот не ја побарал помош од бугарскиот преговарачки тим. По влезот на РС Македонија во НАТО нешто што стана возможно, со силна бугарска поддршка започна видлива промена во политиката на власта во Скопје во однос на Договорот за добрососедство потпишан на 1 август 2017 година. Прва на удар беше мешовитата бугарско-македонска историска комисија, чија работа е опишана во Договорот. Речиси една година таа не се состануваше поради различни оправдувања. Еднаш заради изборите во РС Македонија, потоа заради пандемијата а од почетокот на оваа година нејзината работа е блокирана од непознати за нас причини.
РС Македонија е на вистинската страна, ЕУ е неискрена
Никола Димитров е главниот фронтмен на омразата кон Бугарија
Во последната година и половина министерот за европски интеграции Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и други официјални лица не запираат да повторуваат дека РС Македонија е жртва на ЕУ и дека Скопје е подготвено за влез, но по вина на Брисел така посакуваното европско членство не се остварува.
„Многу од граѓаните а и владите веќе не веруваат дека ЕУ е искрена и сериозна. Кога ветува европска перспектива и иднина за земјите од Западен Балкан“, вели Димитров кој што не запира да ја руши довербата во Европа меѓу македонските граѓани. Во истиот стил се и изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според него РС Македонија е совршена и прашањето за веродостојноста на европската идеја во регионот се воведува токму на неговата земја. Ако на такво совршено досие не се одговори позитивно, тоа навистина раѓа сомнеж во регионот во однос на веродостојноста на овој проект, вели Османи.
Претседателот Стево Пендаровски предложи свој оригинален поглед врз евроинтеграцијата наговестувајќи ги убавите конекции со Кина и Русија, два стратешки конкуренти на ЕУ.
„Не се вознемирувам од влезот на други земји, тоа е дел од нивните државни интереси и овде не се работи само за Русија и Кина. Ние немаме проблем со тоа. Нашиот проблем е дека граѓаните ја губат довербата во европските вредности“, изјави Пендаровски на 6 септември пред Радио Слободна Европа.
Коридор 0
Патот од бугарската граница до Крива Паланка
Можеби најголемиот симбол на поделбата на РС Македонија и Бугарија е недостатокот на инфраструктура меѓу двете земји. За да стигнете од Скопје до Софија треба да патувате по „козји“ патеки како што велат возачите што го истрпиле овој предизвик. Поврзаноста не е празен поим, но меѓу нашите две престолнини е токму тоа. Скопје и Софија остануваат единствените главни градови во Европа кои немаат меѓусебна железничка врска. Една седмица пред средбата во Брдо, екипа на БГНЕС, го посети „градилиштето“ на Коридорот број 8 од македонска страна меѓу бугарската граница и градот Крива Паланка. Патот е потполно изоран, речиси цела година се работи инцидентно и тука таму има по некаква машина. Фотографиите што ги направи нашата екипа го покажуваат јасно недостатокот на желба за напредок на овој проект. Коридорот 8 кој што е од огромно економско значење за Бугарија и РС Македонија затоа што ги изведува на италијанскиот и источниот пазар, во суштина е една голема нула.“
Продолжува…
Извор: Трибуна