Германскиот државен секретар за Европа Мајкл Рот денеска нагласи дека е крајно време да се отворат преговори со Албанија и Северна Македонија и дека е потребно да се забрза процесот на европска интеграција. Според него, иднината на сите „шест“ балкански земји е во ЕУ и тие држави имаат целосна поддршка од Германија и целата Унија во евроинтегративниот процес.
Advertisements
„Убеден сум дека сме на вистинскиот пат и Западен Балкан ја има и ќе ја има нашата посебна посветеност“, истакна Рот кој преку онлајн платформа се приклучи на состанокот „ЕУ-ЗБ по ерата по Ангела Меркел“.