Советот на општината Росоман на седница донесе едногласна одлука да помогне во рамките на своите можности, со финансиски средства, за реоните зафатени од земјотрес во Турција и Сирија.

Советниците се согласија од општинскиот буџет да се издвојат 200 илјади денари за помош на реонот зафатен од земјотрес во Турција. Сто илјади денари да се обезбедат од приватни компании, што ќе донираат за поддршка на населението од Сирија, зафатено од земјотрес.