Швајцарската фармацевтска компанија „Рош“ соопшти денеска дека работи на нов дијагностички тест, чија цел е откривање нови мутации на коронавирусот во лабораториски услови.

Новиот тест, кој ќе се користи во лабораториски истражувања, би требало на научниците да им го олесни следењето на мутациите на вирусот, нивната распространетост и потенцијалното влијание врз дијагнозата на инфекции, вакцини и третмани, се наведува во соопштението на швајцарската компанија.

Наречен Cobas®SARS-CoV-2 Variant Set 1, тестот овозможува откривање и диференцијација на различни мутации забележани како британска, јужноафриканска и бразилска варијанта.

Континуираното надгледување и следење на новите мутации на коронавирусот е клучно за јавното здравје, изјави Томас Шинекер, директор на одделот за дијагностицирање на „Рош“.

Следењето на новите мутации ќе им помогне на здравствените системи да одлучат какви мерки ќе преземат во борба против Ковид-19, соопшти „Рош“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.