Кристијано Роналдо побара трансфер. Веќе нема дилема, тој сака да си замине една година пред истекот на договорот и тврди дека има понуда, иако официјално никој не им се обратил на „ѓаволите“.
Advertisements
Португалскиот ас преку агентот Жорге Мендеш побарал од Манчестер Јунајтед да ја наведе цената за да донесе пари и да го напушти клубот. Неговиот агент предложил поради лојалност клубот да го ослободи Роналдо без обештетување, но тоа било одбиено.
Се шпекулира дека Португалецот сака да го напушти „Олд Трафорд“ за да игра во Лигата на шампионите. Се споменуваат неколку заинтересирани клубови, а 37-годишниот Кристијано Роналдо, кој пропушти добар дел од воведните подготовки и не отпатува за Азија, пред неколку дена се појави во тренинг центарот на клубот.
Најновата информација е дека Роналдо би можел да се врати во Спортинг Лисабон. Тој сака да игра во Лигата на шампионите за да ги подобри рекордите кои се во негова сопственост и да се „одлепи“ уште повеќе од Лионел Меси, кој е две години помлад и сигурно ќе може да ги загрози во наредните години.