Кристијано Роналдо одлучи да се врати во Манчестер Јунајтед по 12 години.

Португалскиот фудбалер стана познат играјќи во дресот на „Црвените ѓаволи“, а летото 2009 година, одлучи да се пресели во Реал Мадрид.

Сепак, по 12 години тој одлучи дека е време повторно да се врати и се чини дека направи фантастичен потег.

Се очекува Роналдо да биде во центарот на вниманието од неговото враќање во Јунајтед, а фоторепортерите го следат секој негов потег во Манчестер.

Пред вчерашниот тренинг на „Црвените ѓаволи“, фотографите го чекаа Роналдо пред тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, а тој гордо покажа еден од луксузните автомобили што ги поседува.

Имено, Роналдо дојде на тренингот на својот клуб во Бентли, кој чини дури 250.000 фунти.

Но, она што исто така беше интересно за многумина беше дека веднаш по него имаше „ренџ ровер“ со двајца припадници на неговото обезбедување.