Играчот на Јувентус, Кристијано Роналдо одби да го промовира туризмот во Саудиска Арабија откако му беше испратена понуда од членови од едно од најбогатите семејства во таа земја, пишува англискиот „Телеграф“.
На Португалецот му беа понудени шест милиони евра годишно да сними неколку реклами, но и да ја посети Саудиска Арабија како би ја промовирал на тој начин.
Саудијците бараат начин да го подобрат својот имиџ на меѓународно ниво, а како главна алатка за тоа го гледаат спортот, во кој вложуваат сè повеќе пари. Дури и Суперкупот на Шпанија се одржа минатата година во таа земја.
Тоа беше фудбалски спектакл досега невиден во Саудиска Арабија, а богатите семејства кои го водат главниот збор во земјата би сакале редовно да ги гледаат најголемите фудбалски sвезди на своите стадиони.
Тие ја испратија истата понуда до Лионел Меси, но неговите претставници, исто како и оние на Роналдо, не ја прифатија понудата.
Саудијците сега ќе мораат да бараат ново големо фудбалско име кое би било подготвено да ја заврши работата за нив, а како најверојатна опција се споменува Нејмар.