Кристијано Роналдо рече дека е незамисливо Португалија да не успее да се квалификува на Светското првенство додека зборуваше за шансите неговата репрезентација да ја победи Македонија во последниот плеј-оф во вторник во Порто.

Македонија и нанесе шокантен пораз на Италија за да се пласира во финалето, но типично за Роналдо, тој беше уверен дека Португалија нема да ја доживее истата судбина.

-Македонија ги изненади сите (победувајќи ја Италија), и направи изненадувања на многу други натпревари, но верувам дека утре нема да не изненадат“, рече Роналдо.

-Португалија ќе биде подобра и ќе одиме на Светското првенство. Секогаш се сметам себеси за фаворит, дома или на гостински терен. Веќе знаеме дека ако победиме ќе одиме на СП, ако загубиме сме надвор. Имаме одговорност да бидеме позитивни и да го добиеме натпреварот, вели капитенот на Португалија.

Доколку Португалија биде поразена, тоа ќе биде прв пат по 1998 година да не се пласира на Светското првенство.