Синоќа репрезентацијата на Португалија беше поразена од Белгија со 1:0 во осминафиналето на Европското првенство.
Португалија пристигна на ЕУРО како актуелен европски шампион, но испадна од натпреварувањето во првото коло од нокаут фазата.
Белгија синоќа успеа да победи со голот на Торган Азар со 1:0 со што обезбеди пласман во четвртфиналето каде ги чека уште едно дерби бидејќи ќе играат против репрезентацијата на Италија.
По синоќешниот натпревар во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо, кој не можеше да се помири со поразот. Роналдо ја соблече капитенската лента и ја фрли на теренот, што во голема мера ја налути јавноста во Португалија.
На Роналдо му беше тешко да испадне од Европското првенство, што тој јасно го покажа, но многумина се согласуваат дека тој едноставно не смеел да ја фрле капитенската лента и така се однесува кон дресот на неговата земја.
Еден од најдобрите играчи на светот се најде на удар на португалски навивачи кои му се лути затоа што не му е првпат да се однесува така.
Пред неколку месеци на мечот со Србија ја соблече и ја фрли капитенската лента и очигледно не извлече поука.
Сепак, Роналдо се реши да објави на социјалните мрежи, и воопшто не спомна што се случи по натпреварот и се фокусираше само на резултатот.