Кристијано Роналдо по враќањето во Манчестер Јунајтед за прв пат пристигна во градот во кој е во петдневна изолација. Португалскиот ас поради акумулација на картони нема да може да настапи на следниот натпревар на својата селекција во квалификациите за Светското првенство во Катар, па порано од очекуваното пристигна во Манчестер, каде е во петдневен карантин.

„Роналдо во разговор со Фернандез му рекол да им пренесе на соиграчите што очекува оваа сезона. Тоа е титула. Во соблекувалната на Јунајтед се зборува само за Роналдо, сите се одушевени што тој се врати во клубот. Сите веруваат дека Јунајтед има тим за да стане шампион на Премиер лигата“, пренесува „Сан“, повикувајќи се на извор од „Олд Трафорд“.

Бруно Фернандеш самиот откри дека учествувал во убедувањето на Роналдо да се врати на „Олд Традорд“, а во медиумите сега се појавуви дел од нивниот разговор.

„Сан“ објави дека Роналдо побарал од Бруно да ги пренесе неговите очекувања во соблекувалната, односно дека доаѓа за да ја освојат титулата во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед игра променливо на стартот од сезоната, а навивачите се надеваат дека со враќањето на Роналдо ќе останат конкурентни и во борба за титулата до крајот на сезоната.