Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез, по девет години врска, планираат свадба. Според The Sun, парот ќе се венча летово по Светското првенство, на родниот остров на Роналдо, Мадеира.
Роналдо ја одбрал историската катедрала во Фуншал – најстарата црква во неговиот роден град, позната по својот резбан покрив. Славјето ќе продолжи во еден од луксузните хотели на островот.
Локацијата има лично значење за Роналдо: катедралата е блиску до болницата каде што е роден и до стадионот на неговиот прв клуб, Национал да Мадеира, каде што играл пред да премине во Спортинг.
Роналдо и Георгина се запознале во 2016 година во продавница на Гучи во Мадрид. Заедно имаат две ќерки, Алана (7) и Бела (3), а Роналдо има уште три деца родени од сурогат мајки: Кристијано Џуниор (15) и близнаците Матео и Ева Марија (8). Тој претходно изјави дека токму децата го поттикнале да ја запроси Георгина.
Текстот Роналдо и Георгина ќе се венчаат на родниот остров на фудбалерот е превземен од МАКФАКС.























