Реални се шансите оваа ситуација на Роналдо да заврши со негов трансфер во друг клуб. Таквите се најавите на „Телеграф“.
Според реномираниот британски весник, Ерик тен Хаг нема да застане на патот на Кристијано Роналдо доколку во јануари стигне понуда за Португалецот.
Неговото заминување би било добро за сите, а дел од легендите на клубот кои сега се критичари, како Рој Кин се чудот зошто не му беше дозволено да замине уште во јануари доколку планот беше да биде резерва.
Во меѓувреме Роналдо се надева дека во наредните натпревари ќе добие повеќе минути кои му се неопходни пред настапот на Светското првенство во Катар.
Неговото неиграње влијае и на формата во дресот на репрезентацијата. Тој одигра лошо на последните два меча за Португалија.
Извор: 24fudbal