Кристијано Роналдо го забелажа својот 177. настап во Лигата на шампионите.

Португалецот игра против Јанг Бојс и на тој начин дојде до ист број натпревари во ова натпреварување како и неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Икер Касиљас.

Имајќи предвид дека Роналдо сепак ќе задржи во ЛШ, тој сигурно ќе го собори рекордот во следното коло од Лигата на шампионите, а прашање е на колку ќе оди.

Зад него и Касиљас на вечната листа на најиграни натпревари во Лигата на шампионите се Чави со 151 и Лионел Меси со 149.

Аргентинецот исто така ќе има добри шанси прво да го победи Чави, а ќе видиме дали ќе го победи Касиљас.

На петтото место е легендарниот Раул со 142 натпревари, Рајан Гигс застана на 141, Андрес Иниеста има ист број на натпревари, а во првите 10 се Карим Бензема со 130, Серхио Рамос со 129 и Кларенс Сидорф со 125 настапи.

Во однос на стрелците води Роналдо со 135 голови, Лионел Меси има 120, а Левандовски има 73 гола. Инаку, Роналдо и денес погоди за водство на својот тим против Јанг Бојс, но Швајцарците со играч повеќе дојдоа до 1:1.