Кристијано Роналдо и на 36. години покажува дека е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и руши рекорди.
Португалецот вчеравечер стана петтиот фудбалер во историјата на Серија А кој постигнал 32 гола во една календарска година.
Во победата на Јувентус од 0:4 над Парма, Роналдо дојде до 32. гол во Серија А, а последен играч на кого тоа му успеало е Омар Сивори во 1981 година.
Апсолутен рекордер по бројот на голови во една календарска сезона е легендарниот играч на Милан, Гунар Нордал кој во 1950 година постигна 36 гола.
Роналдо до ова постигнување дојде со најмалку одиграни натпревари, само 28 и има шанса да го подобри своето остварување бидејќи за два дена го очекува натпревар против Фиорентина.
– Роналдо е сензационален фудбалер. Тој е како вонземјанин кога ќе видите што прави на теренот. Фактот дека нема да остане запомнет како најдобар во историјата, според мене е трагичен – изјави голманот на „старата дама“, Џанлуиџи Буфон.