Кристијано Роналдо до крајот на трансферот периодот би можел да стане нов член на Манчестер Сити.

Португалската sвезда сака да го напушти Јувентус со сите сили, а неговиот агент Мендеш пристигна во Торино за да ја заврши работата во наредните денови.

Преселбата на Роналдо во редовите на Сити би ги налутила навивачите на Манчестер Јунајтед, во чии редови ЦР играше од 2003 до 2009 година.

Голем навивач на „Црвените ѓаволи“, водителот Енди Голдштајн, тврди дека за него Роналдо би бил мртов за него доколку отиде во Сити.

“Ќе ми го скрши срцето. Знам дека звучи екстремно, но ако Роналдо оди во Сити, тој за мене би бил мртов”, рече Голдштајн, додавајќи:

“Тој ќе биде избришан од Јунајтед. Го слушнав како зборува за неговата љубов кон Јунајтед и за тоа како би сакал да се врати еден ден. Не треба да оди во Сити. Има работи што не се прават кога си sвезда. Тој дури и не треба да зборува за овој потег. Ерик Кантона не би отишол во Сити по никоја цена“, рече Голдштајн.

Според италијанските медиуми, Сити на Роналдо му понудил двегодишен договор вреден 15 милиони евра по сезона и за трансферот ќе се преговара во наредните денови.

Кристијано Роналдо одигра 292 натпревари за Јунајтед и постигна 118 голови. Со клубот освои три титули шампиони на Англија и трофеј во Лигата на шампионите.