Тренерот на Барселона, Роналд Куман (58) е суспендиран на два натпревари поради црвен картон на натпреварот против Кадиз.

Куман доби црвен картон затоа што протестираше на крајот од натпреварот, а холандскиот стручњак веќе денеска ја дозна казната.

Ла Лига го казни со суспензија од два натпревари и Куман нема да биде на клупата на натпреварите против Леванте и Атлетико Мадрид.

Еден натпревар суспензија поради црвен картон на натпреварот против Кадиз доби играчот од средниот ред на каталонскиот клуб, Френки де Јонг.