Тренерот на Барселона, Роналд Куман не можеше да ја одржи целата прес-конференција објавена пред првенствениот натпревар со Севилја, кој ќе се одигра утре во 16:15 часот на „Санчез Писхуано“.
Според каталонските новинари, Куман имал крварење од носот по втор пат во последните неколку недели, поради што прес-конференцијата мораше да биде прекината.
Новинарот на ЕСПН, Самуел Марсден, ја објави таа информација на својот профил на Твитер со пораката „Се надевам дека е добро“.
❗Today, for the second time in recent weeks, Ronald Koeman has suffered a nose bleeding during his press conference.
Via: @samuelmarsden [espn]
Hope he is alright! pic.twitter.com/lNU6lhlHCY
— Barça Buzz (@Barca_Buzz) February 26, 2021