Роми од прилепската населба Тризла денеска протиестираа затоа што биле спречени да влезат во градскиот базен. Тие тврдат дека не биле пуштени да се капат во базенотпоради што ќе поднесат тужба против сопственикот на базенот. Според нив, продавачите на билетите им рекле дека имаат наредба од газдата да не пуштат група роми во базенот по што се собрале влезот на базенот.
Откако случајот доби гласност следниот ден од управата на базенот им понудиле да се капат бесплатно.
Сопственикот на базенот „Маркови кули” Борис Темоски ги негира наводите за дискриминација појаснувајќи дека станувало збор за почитување на антиковид мерките.