Синот на Дејвид и Викторија Бекам, 19-годишниот Ромео, дебитираше како фудбалски професионалец.

Ромео одигра 79 минути во ремито на Форт Лодердејл, вториот тим на Интер Мајами против Јужна Џорџија (2:2).

Сепак, неговата игра не ги импресионираше фудбалските фанови кои беа доста сурови кон 19-годишникот на социјалните мрежи.

„Тој ги наследи способностите на неговата мајка“, коментира еден, додека друг додава:

„Сум видел подобри нафрлања“.

Имаше навистина многу брутални коментари кон ова 19-годишно момче. Имаше такви што застанаа да го заштитат овој млад дечко, но неверојатно е колку сурови луѓе можат да бидат.

Ромео Бекам е само на почетокот на својата кариера. Ќе видиме колку може да направи, но навистина е тешко да се очекува дека ќе го достигне нивото на неговиот славен татко.