Поранешниот италијански премиер Романо Проди, кој ја воведе Италија во еврозоната, рече дека „Европа се плаши од кризата на италијанската влада, бидејќи гледајќи од Брисел, она што се случува во Италија може да ја загрози иднината на целата еврозона“.
Во интервју за весникот „Месаџеро“, Проди рекол дека треба итно да се создаде нова влада што ќе може позитивно да одговори на она што ги плаши европските партнери, влада што ќе може да создаде стратегија за реконструкција заснована на потребните реформи што ќе ги обединат политички сили.
– Advertisement –