Бројот на луѓе на интензивна нега во Романија денеска е највисок од почетокот на пандемијата.
Зголемениот притисок врз единиците за интензивна нега, каде што денеска има 1.334 лица, доаѓа во време на налет на новоинфицирани со Ковид-19 во таа источноевропска земја.
Во текот на изминатата недела, Романија забележа најголем број на инфекции во последните три месеци, во некои денови и повеќе од 6.000 нови случаи на ден.
Здравствените власти се состанаа вчера за да најдат начин да ги зголемат капацитетите во единиците за интензивна нега.
И покрај притисокот врз романскиот здравствен систем, премиерот Флорин Кицу инсистираше на тоа дека нема да се воведе строга национална блокада.
Од почетокот на пандемијата, повеќе од 897.000 луѓе биле заразени, а 22.208 починаа од коронавирусот во Романија, додека се дадени повеќе од 2,4 милиони вакцини.