Националниот координативен центар за гранично управување соопшти дека сите блиски роднини на настраданите лица во тешката сообраќајна несреќа во Бугарија, ќе можат да влезат во земјата без документ за Ковид.

Одлуката е донесена попладнево.

Бугарските медиуми јавуваат дека граничните власти добиле овластување да пружат целосна помош доколку преку контролниот пункт да поминат роднините на загинатите или повредените во трагедијата.