Утрово група на граѓани – роднини се собраа пред седиштето на агенцијата „Беса Транс“. Тие велат дека немаат никакви информации од одговорните лица во агенцијата, за состојбата на патниците.

Еден од присутните кажа дека информацијата за трагедијата ја прочитале на социјалните мрежи.

-Се обидувам да го добијам братучед ми по телефон, но не се јавува. Тој беше сам на патувањето. Вртевме по телефони во Беса Транс, цело време се јавуваме… Се чуди зошто никој не се јавува, вели еден од присутните роднини.