Родителите на четирите деца кои беа пуштени од болницата „Пирогов“ пред бугарските медиуми ја изразија својата благодарност кон директорот и медицинскиот тим за неуморната грижа за нивните деца по трагедијата во Кочани. Тие исто така упатија благодарност до бугарскиот народ за поддршката, како и до крводарителите, чии напори беа клучни за нивното закрепнување, јавува Трибуна.

„Им благодариме на директорот и на лекарите. Сакаме да му се заблагодариме и на бугарскиот народ за грижата за нас. „Благодариме на сите крводарители“, велат родителите.

Контролните прегледи на децата ќе продолжат во „Пирогов“, а нивното закрепнување ќе вклучува бројни реконструктивни операции кои ќе траат со месеци, па дури и години. Професор Маја Аргирова, шеф на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, го нагласи значењето на овие процедури за нивното целосно закрепнување.

Другите четири пациенти кои се уште се во тешка, но стабилна состојба, остануваат во реанимација. За нив исто така се предвидени многу медицински интервенции за нивното подобрување.