Девојче (11) од Мисури, САД, ги пронашло безживотните тела на нејзините родители во куќата, кои биле во изолација, бидејќи имале коронавирус.
Детето телата ги пронашло на 18 февруари во подрумот, каде што Ерика (45) и Скот Гринман биле изолирани откако биле позитивно тестирани на вирусот.
Пријатели на семејството велат дека Ерика била хоспитализирана некое време, но дека била пуштена дома каде што нејзиниот сопруг исто така бил во карантин откако тие добиле позитивен резултат.
За жал, на 18 февруари полицијата доби повик дека детето ги пронашло своите родители и дека не давале знаци на живот.
Сестрата на Ерика, Ана, се прости од неа и нејзиниот зет на Фејсбук.