Бурхан Фазлиу, кој има 36 години е од Куманово. Сите, освен тој, од неговото седумчлено семејство имаат државјанство, освен тој, објави ТВ21. Во 2001, Фазлиу вели дека доставил барање за државјанство, но никогаш не добил ниту позитивен ниту негативен одговор од надлежните. Неговите родители добиле државјанство во 1996, а неговите браќа и сестри во 2000. Како што вели тој за ТВ21, роден е во Македонија, но му бараат да го регулира престојот. Никогаш не добил одговор зошто не добил државјанство. Иако тврди дека поднел документи, сепак од СВР Куманово му рекле дека документи и барање со негово име не постојат.