Рочиштето за случајот „Тендери” е одложено за 15 јули поради отсуство на обвинетата Јулијана Угриновска.
Бранителот Сашко Дуковски, приложи доказ дека неговиот клиент не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини.
„Има стомачен вирус, постојана дијареа, повраќање и покачена телесна температура. Даден и е упат за на Гастроентерохепатологија за испитувања. Не може да стане од кревет“, рече Дуковски.
За денеска беше најавено дека обвинителството и одбраната ќе почнат со своите завршни зборови.
Судијата Осман Шабани следното рочиште го закажа за два дена.
Во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, од проектот „Скопје 2014“. Обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки. Дел од градежните работи во музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип.