„Го имав највисокото ниво на жива кое што докторите некогаш го виделе“, изјави пејачот. Англискиот пејач Роби Вилијамс и откри на јавноста дека за малку ќе се соочел со смртта благодарение на исхраната што подразбирала многу морска храна, а која што долго ја практикувал. Имено, пејачот открил дека „во еден момент имал толку високо ниво жива во организмот, што сето тоа можело да заврши фатално“, пренесува „Mirror“. Докторите објасниле дека Роби премногу уживал во консумирањето на октопод, туна и лигни, што за малку ќе завршел фатално затоа што морските плодови изобилуваат со жива. До тоа откритие Роби дошол откако направил рутински тест на крвта. Резултатите покажале ниво на жива кое се смета за токсично, а докторите објасниле дека со тоа се ставил во ризик од белодробни болести, но и рак на кожата.

„Јадев морски плодови двапати дневно и го имав највисокото ниво жива во телото кое што докторите некогаш го виделе кај некого. Се тестирав на жива затоа што мојата сопруга е невротична по тоа прашање и ги прави сите можни тестови. Во секој случај, благодарен сум му на Бог што навремено открив бидејќи сега можев да бидам мртов, како последица на труење со жива и арсен“, изјави Роби Вилијамс. По ова сознание Роби се вратил на веганската исхрана која ја започнал во 2017-та година. „Еден ден по тоа што ми го соопштија докторите, се вратив на веганската исхрана“, изјави Роби.