Холивуд е во шок откако легендарниот режисер и актер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел беа пронајдени мртви во нивниот дом во Лос Анџелес, а за убиството е осомничен нивниот син Ник Рајнер, пишува Ти-Ем-Зи.

Според извори блиски до семејството, само една ноќ пред убиството, на божиќната забава на водителот Конан О’Брајан, Роб и Ник имале жестока и гласна расправија, која ја слушнале и други гости. Кратко потоа, Роб и Мишел ја напуштиле забавата.

Извори наведуваат дека родителите со месеци се соочувале со сериозни проблеми поврзани со менталната состојба и наводната злоупотреба на супстанци од страна на нивниот син. Мишел, наводно, им се доверила на пријателите дека таа и сопругот се исцрпени и дека „пробале сè“.

Телата на Роб Рајнер и неговата сопруга биле пронајдени во неделата во нивниот дом, а Ник Рајнер бил уапсен во понеделникот и обвинет за убиство, со одредена кауција од 4 милиони долари.

Текстот Роб Рајнер и неговиот син Ник се скарале на божиќна забава ноќта пред убиството е превземен од МАКФАКС.