Граѓаните да бидат внимателни со користењето на интернет од први јули во земјите од регионот. Иако од тој ден цените во роаминг ќе се тарифираат исто како да сме дома, сепак надлежните предупредуваат дека со користењето интернет не треба да се претерува. Спорeд директорот на АЕК Јетон Акику доколку операторите воочат дека странски државјани користат интернет повеќе од колку што тоа го прават во својата држава, односно неоганичено далнодираат или користат јутуб, интернетот ќе им биде ограничен. Акику вели дека телекомуникациските оператори имаат воведено заштитни механизми за граѓаните од регионот да не може да ја злоупотребата оваа поволност која е на располагање за сите граѓани од земјите од Западен Балкан.
Advertisements
„Интернетот кој го имате на вашиот мобилен телефон ќе може да се користи и во земјите од Западен Балкан, но контроли секако дека ќе има. На пример, ако во сопствената држава трошите за цел месец 5 гига интернет, а за само неколку дена во регионот потрошите 2 гига, тогаш ќе добиете известување преку СМС порака дека ќе ви биде стопиран или ограничен интернетот“.
Инаку, граѓаните на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ тарифата за роаминг од почетокот на идниот месец, за телефонски разговори и СМС пораки и интернет ќе им бидат по цена како да се дома. Овој договор помеѓу државите од окружувањето започна уште во 2019-та година кога во прва фаза започна со намалување на цените за овие услуги од 80 отсто, и завршува со целосно укинување на роаминг цените.
До 30-ти јуни ако повикаш од Албанија додека си на одмор на море повик кон Македонија цената е 3,64. Од први јули не треба да се плати ништо екстра, вклучена е цената која ја има тука. Ако во пакетот во Македонија со операторите со месечна претплата имате неограничени минути, истото важи и за во другите држави, за во Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и БиХ -изјави Јетон Акику директор на АЕК.
Надлежните велат дека сега се прават напори вакви поволности да имаат граѓаните од земјава и регионот и со жителите на државите од Европската унија. Засега за ова е потребно земјава да е дел од европското семејство. Инаку, во не така далечно минато после секоја летна сезона во јавноста излегуваа граѓани да се жалат дека добиле енормно високи сметки за користење на роаминг услугите. Сега надлежните велат дека и покрај намалените цени на услугите граѓаните треба да бидат претпазливи.
Иле Петревски