Согласно добиените барања од компаниите, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски на прес-конференција рече дека почнуваат анализите за цената на струјата и дека до крајот на следната недела се очекува да се донесат цените за МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција.

– Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок, рече Бислимовски.

Во однос на воведувањето на пристап до мрежа, претседателот на РКЕ потенцираше дека тоа нема да биде нов трошок за потрошувачите и дека се ќе биде во рамки на одобрениот приход на компаниите.

– Никој нема да заработува пари од она што како цена ќе го определи РКЕ. Надоместокот ќе значи намалување на цената на мрежарината, нагласи Бислимовски, апелирајќи да не се подлегнува на шпекулации.