Аргентинецот Лионел Меси од минатото лето е на излезна врата на Барселона. Такво нешто самиот побара, Барса не дозволи, бараше 700 милиони евра обештетување. Па, така „Волшебникот“ и оваа сезона остана на „Камп Ноу“.
Но, како се ближи крајот на оваа сезона, се повеќе се појавуваат шпекулации дека Меси ќе замине како слободен играч. Сепак, ова не го мисли Ривалдо, поранешен фудбалер на Барселона. Како многумина, така и тој тврди дека Меси го сменил мислењето откако Жоан Лапорта стана нов претседател.
-Барселона напредуваше во последните неколку недели. Меси е во одлична форма, а очигледно е дека на екипата влијаеше и промената на претседателот. Аргентинецот сега делува посреќно откако Лапорта се врати. Поради тоа почнувам да верувам дека се поголеми се шансите Меси да го прдолжи договорот со Барселона и да остане, вели Ривалдо.