На прес конференција одржава попладнево, новиот капитен на макеондската фудбалска репрезентација рече дека се надева Горан Пандев ќе успеат да го испратат во пензија како што доликува за еден капитен.

„Се надевам дека Горан ќе може да го испратиме како што доликува за еден капитен на нашата репрезентација. Благодарам и до селекторот што ми дава можнсот да бидат предводник. Ние ќе бидеме пример и ќе дадеме максимум за нашата држава“, рече новиот капитен Стефан Ристовски.

Во однос на утрешниот натпревар, Ристовски вели дека немаат многу време за размислување.

„Фудбалот дојде тоа тоа да немате многу време за размислување. Немаме многу време да се запознаеме, има доста промени, но сите сме професионалци за да продолиме таму каде што застанавме“, додаде Ристовски.

Натпреварот е утре на програмата, а потоа на 8-ми септември не очекува и натпревар против Романија.