Кире Ристевски сезонава ќе ја памети по добро. Пласман на ЕП со Македонија, победа над Германија (иако играше само во финишот), а сега освоен и првиот трофеј во Унгарија. Од втор обид, дефанзивецот успеа да дојде до пехарот од Купот. Тој претходно играше финале кога беше дел од Вашаш, но загуби на пенали и тоа токму по негов промашен удар.
Меѓутоа дојде и 2021 година, па Ристевски во финалето успеа да победи над Фехервар, да биде подобар од Муслиу и на крај да го освои трофејот.
Го прослави со македонско знаме на грбот, но за жал, пред празни трибини и само со своите соиграчи и раководните луѓе на клубот поради пандемијата..