Координаторот на Советот на општина Аердорм од СДСМ, Милутин Ристески на својот профил на фејсбук изнесе податоци и ибвинувања за градоначалникот на Општина Аеродром и вели дека од оваа Општина со помош на ВМРО ДПМНЕ и Левица одобрени се пари за „партиска журка“.

„Еве како Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ го прославија меѓународниот ден на семејството во Аеродром.

-50.000 денари од даночните обврзници во Аеродром, одобрени на Совет со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ЗА ПАРТИСКА ЖУРКА со националистичка и религиозна иконографија, без никакви обзири дека во Аеродром живеат и Македонци кои не се ДПМНЕ, дека живеат и граѓани припадници на други народи, припадници на други религии, атеисти, аполитични граѓани и т.н.“, напиша Ристески и додаде дека споменатите немаат проблем да мешаат црква и држава, деца и политика…

„Речникот и ставовите на организаторот на журката нема да ги коментирам, проценете сами кај оди општината, градот, а и државата кога е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ“, порача Ристески.