Турнирот изминатиот период се одржуваше во Катар и Саудиска Арабија, а сега Бразилците сакаат најдобрите клубови од цел свет да дојдат во Рио.
„Со оглед дека Јапонија се откажа, ние работиме на случајот градот Рио да биде домаќин“, изјави градоначалникот Едуардо Паес. „Веќе направивме контакти со ФИФА, но нема да биде едноставно, бидејќи постои желба овој турнир да остане да се организира во Азија“, додаде првиот човек на Рио.
Светското клупско првенство на кое учествуваат шампионите на сите континенти треба да се одржи во декември, а актуелен освојувач на трофејот е Баерн Минхен. Оваа година како победник во Лигата на шампиони од Европа учесник ќе биде Челси.