Замислете го ударното трио Балотели-Кевин Принс Боатенг-Рибери? Од следната сезона, тие може да играат заедно.
Силвио Берлускони и Адријано Галијани повторно ги здружија силите со преземањето на Монца, која оваа сезона ја вратија во Серија Б, и тие се на добар пат да играат во елитната класа на италијанскиот фудбал следната година.
Монца моментално е второпласирана екипа во Серија Б со 35 освоени бода, а таа позиција ќе ги доведе до највисок ранг следната година.
Заслугата за тоа му припаѓа на споменатото дуо на чело на клубот, кој успеа да собере неколку респектабилни имиња во тимот. Дресот на Монца го носи Марио Балотели, а потоа и Кевин Принс Боатенг, сите под диригентската палка на легендарниот Кристијано Броки.
Според медиумите на „чизмата“, Берлускони и Галијани сакаат да донесат уште еден ветеран во своите редови, а тоа е Франк Рибери кој моментално игра за Фиорентина.
Поранешниот француски репрезентативец и долгогодишен член на Баерн докажа во Фиренца дека не е за старо железо и дека има уште многу што да покаже на теренот.
loading…