Во двата дена од руската инвазија врз Украина, убиени се над 3.000 напаѓачи, повеќе од 200 војници се заробени, а овие бројки постојано растат. Непријателот се предава, изјави денеска украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников, пренесен од државната Укринформ.
-Повеќе од 55 часа отпор. Нашите бранители целосно ги уништија плановите на непријателот. До утринава се убиени повеќе од 3.000 руски окупатори. Заробени се повеќе од 200 напаѓачи. Бројот на затвореници се зголемува. Тие не очекуваа таков отпор и предавање, изјави Резников, пренесува Укринформ.
Министерот уште кажа дека се уништени стотици руски окл опни возила, меѓу кои и повеќе од 100 руски тенкови.
Со ракетните системи „Стингер“, додаде тој, вчера беа соборени седум руски хеликоптери.