Тренерот што им се извинува на играчите не е сцена која често се случува во фудбалот. Монца ужива во своето деби во Серија А, а исто така и тренерот Рафаел Паладино.

Advertisements

38-годишниот ја започна својата прва авантура како тренер на 13 септември на клупата на Монца. Досега има направено многу добра работа. Монца ја започна 2023 година со реми 1-1 против Фиорентина во Фиренца. Првото полувреме домашните го завршија со предност. Паладино реагираше на паузата и голот на бразилецот Карлос Аугусто донесе еден бод за Монца.

„Го ставив тимот во тешкотии со погрешно читање на некои ситуации на играта. Им се извинив на момчињата на одмор. Имавме среќа, бидејќи можевме да бидеме во двојна негатива.

Во второто полувреме изменив и приспособив некои работи во тимот. Одигравме храбро, ја отежнавме работат на Фиорентина. Можевме да победиме или да загубиме, но продолжуваме да растеме и горди сме на нашето патување“, изјави италијанскиот тренер.

Монца е привремено 8 бода над опасната зона.

Прикажи повеќе