По утврдувањето на кластер од најмалку 46 лица во квартот Бакалан во Бордо, француските здравствените власти сакаат да го вакцинираат целиот кварт, јави дописникот на МИА.
Варијантата „не е отпорна на вакцинација”, според Беноа Елебуд, директор на Регионалната здравствена агенција на Нувел-Аквиетн. По откривањето на кластер на луѓе позитивни на „многу ретка” варијанта на Сарс-КоВ-2 идентификувана во Бордо, здравствените власти се подготвуваат да ги вакцинираат сите возрасни жители на квартот Бакалан и тие околу него.
Досега, најмалку 46 лица се идентификувани како позитивни за варијанта што ја следат здравствените власти. Кластерот, беше забележан во четвртокот, но бројот на заразени лица може да се зголеми затоа што започна голема масовна кампања за тестирање на северот од Бордо.
Истражувањето спроведено од здравствено осигурување овозможи да се идентификуваат „два синџири на пренос поврзани едни со други”. Заразувањето се случило за време на семејните собири на 8 мај, пренесува радиото Франс Блу. Вирусот потоа се прошири во училиштето Шарл-Мартин, каде десет деца беа позитивни. Како претпазливост, установата е привремено затворена.
Варијантата на потеклото на овие контаминации се нарекува „VOC 20I / 484Q”. VOC за „Варијанта на грижа” на англиски јазик, што е да се каже „загрижувачка варијанта”. Иако е многу невообичаено, се следи затоа што е дериват на варијантата Б. 1.1.7 идентификувана во Велика Британија и има дополнителна мутација (E484Q) за која постои сомневање дека ја прави пренослива. Ова е веќе идентификувана варијанта на национално ниво, но многу ретка досега, појаснуваат здравствените власти.
Податоците за преносливоста или опасноста на оваа варијанта сè уште немаат. Но, здравствените власти сакаат да бидат смирувачки. Инфицираните луѓе „се прилично млади луѓе кои немаат сериозни форми, кои не се хоспитализирани”, објасни Регионалната здравствена агенција на Нувел-Аквитен, за Франсинфо.
-Тоа е прилично смирувачко и има елементи што укажуваат на тоа дека оваа варијанта не е отпорна на вакцинација, бидејќи постарите луѓе, кои се над 80% вакцинирани за над 65 и над 50% за над 50 години, се чини дека не биле контаминирани од овој вирус “.
За да се запре ширењето на овој вирус, здравствените власти сепак презедоа мерки, со масовно тестирање и пребарување на сите можни случаи на контакт. Во исто време, Регионалната здравствена агенција подготвува кампања за експресна вакцинација, Таа треба да започне во вторник или среда, според телевизијата „Франс 3″. Вкупно, „15.000 дополнителни дози на вакцини ќе пристигнат во рок од три недели, со 5.000 дози од следната недела” за овој дол на градот Бордо.