Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од градоначалникот на Центар, Саша Богановиќ откако беше објавено видео како тој седи во ресторан во време кога угостителските објекти се затворени. Се најавува и кривична пријава. Од државниот пазарен инспекторат велат биле на терен, но не можеле да го казнат Богдановиќ бидејќи во хотелот бил со спиење. Тој пак демантира дека седел во кафана, туку вели дека сместувал гости од Белград и новиот кошаркар на Работнички. Стојко Пауновски, пак, од Државниот пазарен инспекторат, вели дека не можат да го казнат градоначалникот на Центар затоа што тој бил во хотел со спиење, а такво нешто не е предвидено за казна.