Фросина Ременски во вечерашното гостува на телевизија Телма коментирајќи ја целата ситуација со Сашо Мијалков рече дека
-Главниот проблем е што зборуваме за формата, а не за суштината. Самото распишување на централна потерница значи вонредна состојба на полицијата за барање на лицето, дури и оранизирање блокади и упади. За мене, недозволиво е лице кое се бара со потерница да избере каде да се пријави. Дали ќе подигне решение од ОЈО кое нема недлежност за тоа, или ќе биде ќе биде приведено. За мене како граѓанин кој смета дека Мијалков е виновен за повеќе дела, недозволиво е да излезе и да лаже и да ги прави недоветни сите, а Русковска да вели дека преку трети лица јавил дека сака да се пријави. Преку кои контакти, преку кој телефон?, прашува Ременски.