Професорката и поранешна мининистерка за Труд и социјална политика и потпретседател на Собранието, Фросина Ременски тврди дека Јавното обвинитлстство не може да влезе во истрага за криминал во Министерството за внатрени работи затоа што полицијата го креира тоа што ќе го достави до Обвинитеството, освен ако работата не е наредена.
„Јавниот обвинител наредбите за спроведување на истражни дејства ги доверува на МВР. Замислете како изгледа истражно дејствие против полициски службеник ако треба тој службеник да го истражува шефот или некој во хиерархија многу повисоко. Шанси нема тоа да се реализира“, вели Ременски во интервју за Zoom.mk, коментирајќи ги пресудите за аферата Двојник поврзана со издавање на пасоши на балкански криминалци.
Ременски потсетува на европските препораки кои бараат сите водови на вештачења за потребите на кривичните постапки да се направат од независни нституции, а не од државен орган којшто учествува во истрага во кривилна постапка.
„Кај нас по правило МВР ги добива наредбите за било какво вештачење. Замислете одземен предмет кривично дело влегува во крим техника којашто е назконски опремена, или сектор на компјутерски криминал или дигитална форензика, којшто е спакуван криминал од 2013 година. Началничката е потпишана на факсификувана документација и работи во предмети од кривични дела и од вештачењата на тие предмети од кривични дела произлегуваат извештаи во кривична постапка. Замислете каква небулоза е тоа“, потенцира Ременски.
Таа смета дека афераа Двојник, но и други нерасветлени скандали во МВР, покажуваат дека стари структури уште го контролираат системот.
„Аферата Двојник не само што не смееме да го оставиме како затворено прашање, туку напротив, во ова тркало на одговорност влегуваат и многу луѓе коишто не си ја завршиле работата, направиле нешто со несторување. Еве јас сакам да знам, дали моите и вашите податоци и податоците на граѓаните се заштитени од вакви упади во системот“, прашува Ременски.
Според неа, во истрагата за пасошите Јавното обвинителство не им дала статус на оштетни од постапка на 2014 граѓани на кои им е украден идентитетот, ниту утврдиле дали осудените имале материјална корист од тоа што го правиле.
„Тоа значи дека штетата нема да ја надеместат луѓето што се осудени, туку државата. Сите ќе ја платат грешката на малкумина“, заклучува професроката Ременски.